Кривична пријава против шест лица за копање тунел до Вишиот суд во Подгорица
Вршителот на должноста директор на црногорската полициска управа Никола Терзиќ изјави дека полицијата знае кои се луѓето кои го ископале тунелот до зградата на Вишиот суд во Подгорица и дека во кривичната пријава ќе бидат опфатени шест лица, меѓу кои има и државјани на Србија.
„Полициската управа знае кои се рударите. Во кривичната пријава од СВР ќе бидат опфатени шест лица – М. М. (53), Ј. Д. (30), М. В. (32), В. Е.
(32), сите државјани на Србија, како и две непознати лица“, рече Терзиќ. Тој додаде и дека „инвеститор“ на акцијата е сериозна криминална група од Црна Гора.
„Нема да кажам која е за да не ја загрозам истрагата. Не стигнавме до оние кои платиле не толку мала инвестиција. Кривичната пријава што ќе биде поднесена утре е само првиот чекор“, рече Терзиќ.
Тој најави и дека министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ утре ќе одржи прес-конференција на која ќе соопшти дополнителни информации, пренесува РТЦГ.
Истрагата ја води Основното државно обвинителство во Подгорица, а досега се осомничени најмалку девет лица, меѓу кои и една жена.
Кражбата на судското депо е забележана на 11 септември, по што било откриено дека од стан на улицата „Његошева“ до депото на Вишиот суд бил ископан тунел.
Комбето што го користеле осомничените го пронашла полицијата на 13 септември. Откриен е и стан во населбата Забјело во Подгорица, каде наводно престојувале осомничените.
Ново на Сител
-
Кражба во црквата “Св. Спас” во Сопиште, приведени двајца скопјани
-
САД повеќе не препорачуваат вакцини против Ковид-19 за бремени жени и здрави деца
-
Меџити: Таравари и Ахмети предвиделе се, но не и дека ќе го исфрлиме од ВЛЕН и од Владата
-
Критичарите на Ердоган се сомневаат во неговите намери за нов устав на Турција
-
САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Венецуела
-
Најмалку петмина загинати во големата експлозија во хемиска фабрика во источна Кина
-
Oбвинителен акт против десет лица за продажба на кокаин и марихуана
-
Митева: За првпат во историјата научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатни