Бизнис
19. September 2023 - 16:34

Судската и обвинителска администрација стапува во генерален штрајк од 27ми септември

Незадоволни од ниските плати вработените во правосудството излегуваат на улица. На 27, наредната среда штрајк ќе одржат вработените во обвинителството, а следниот ден, ќе им се приклучат и вработените во судовите од цела држава. На масовниот протест во главниот град ќе побараат зголемување на платите за 78%, колку што се покачија  функционерските плати, како и исплата на додаток на плата. Од Синдикатот велат дека околу 2,500 вработени месечно во просек земаат по 25,000 денари плата, а судиите и обвинителите 7 пати повеќе.

-Разликата на платите сега во обвинителствата и судовите порасна од 1:2 или 3 работник – избран раководител, на 1: 6 или 7 што е многу. Незадоволството кај вработените во јавните обвинителства и судовите е големо. Министерството за правда и судовите не прифаќаат преговори и ние одлучивме да штрајкуваме. Ќе се штрајкува до исполнување на барањата – информира претседателот на синдикатот на УПОЗ Трпе Деаноски.

Денеска и независниот синдикат на Судскиот Совет на протест со истите барања- зголемување на платите за 78 отсто.

Жешката синдикална есен веќе почна. Денеска вработените во Водостопанство си ги бараат неисплатените 2 плати 

Од Синдикатот не ја исклучуваат можноста следната недела да стапат во штрајк и вработените во Државното правобранителство. Фондот за здравство и Управата за водење културното наследсто.