Средба Шолц-Ковачевски во Њујорк
Дражавничката одлука која треба да ја донесе Македонија е единствената гаранција за квалитетен живот на македонците – германскиот канцелар Олаф Шолц со порака до премиерот Ковачевски дека продолжувањето на интеграциите се единствената алтернатива за земјата. Но, и покрај поддршката од Германија за интеграциите, Шолц на кратката средба со Ковачевски го повторил ставот на европските челници дека доколку не се случи процесот на уставни измени, Македонија ќе соочи со изолација на долг рок.
На средбата е нагласено дека Германија ја очекува Северна Македонија во Европската Унија посочувајќи на фактот дека евроинтеграциите и европскиот пат се најдобрата и единствена алтернатива за земјата. Државничката одлука која треба да се донесе во периодот што претстои, е единствена шанса да се осигура квалитет на живот на македонските граѓани според европските стандарди и постигнување членство во ЕУ до 2030 година, стои во соопштението од владината прес служба.
Во рамки на одбележувањето на 50-годишнината од членството на Германија во Обединетите нации, што се одржа во Њујорк, Ковачевски му се заблагодарил на Шолц и за усвоената резолуција од страна на германскиот Бундестаг за македонскиот јазик.
“Ова е потврда за искреното разбирање што го има нашиот голем пријател, Сојузна Република Германија, за потребите и националните и стратешки интереси на македонските граѓани“, рече премиерот Ковачевски на средбата со канцеларот Шолц.
На маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, и претседателот Стево Пендаровски се сретнал со германскиот канцелар, а на средбата изразил очекување за поддршка од германските власти во процесот на пристапните преговори.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар