Балкан
19. September 2023 - 16:33

Остварен контакт со обвинителите во Косово и Албанија

На директна средба деновиве во Косово, надлежен обвинител за скандалот на Онкологија ќе разменува информации со негови колеги во Приштина. Теми на дискусија се информации за евентуални постапки околу илегална препродажба на лекови како и податоци дали и колку онколошки пациенти од соседството биле третирани во Македонија.

-Остварени се првични контакти со јавните обвинителства во Косово и Албанија преку контакт-точките на Европската правосудна мрежа во Соодветните обвинителства, преку кои се побарани директни средби во следните денови за непосредна размена на информации кои можат да помогнат во постапката, ни одговорија од Обвинителството.

Скандалот кој ја потресе целата јавност се шири и надвор од границите на државата, а обвинителите ги анализираат бројните докази кои треба да покажат дали некој препродавал лекови на грбот на најтешко болните. Покрај Управата за финансиско разузнавање, помош ќе добијат и од Државниот завод за ревизија.

Според информации на Сител поголем број лица до современите лекови на Онкологија доаѓале преку

 Според информации на Сител, поголем број лица до современите лекови доаѓале преку врски и прашање е на колку болни од рак доктори под рака им давале биолошка терапија? Неколку пациенти и членови на семејства кои изгубиле свој близок имаат слични патешествија низ ходниците и канцелариите на Онкологија а тоа како што велат го образложиле и во Обвинителството.

И додека се уште трае предистражната постапка, нема никакви промени на Онкологија а го нема и КАТО системот за контрола на терапијата кој ќе почека на одлука на здравствените власти.