Нема да се издава нова еврообврзница, ќе се бара заем од Светска банка
Нова еврообврзница до крајот на годината нема да се издава, а со ново задолжување во Светска банка ќе бидат достапни средства за значајни проекти, рече премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање за издавањето на последната еврообврзница.
Тој појасни дека задолжувањето на домашниот и меѓународниот пазар на државата е регулирано со Стратегијата за јавен долг којашто се одобрува во Собранието кога се одобрува и буџетот.
- Еврообврзница издадовме на почетокот на годината, на крајот од првиот квартал и се искористи за раздолжување на еврообврзница која беше земена во 2016 година. Таа беше искористена за плаќање на сите оние стиропори кои се распаѓаат, палми во Вардар, статуи на мостовите кои ги плаќаа под два-три милиони евра. Така што, таа веќе ја раздолживме. Нова еврообврзница нема да се издава до крајот на годината, а задолжувањето ќе биде согласно со Стратегијата за јавен долг, било тоа да е со државни обврзници или проектно финансирање, рече премиерот Ковачевски.
Тој најави дека идната недела ќе патува за САД на состанок во Светска банка на високо ниво за добивање средства за финансирање на проекти во земјава.
– Веќе разговараме за проекти значајни за унапредување голем број области во државата кои ќе бидат финансирани од Светска банка. Преговорите се финализирани и по состанокот оттаму очекувам добри вести во однос на процедурите кои ќе отпочнат. Со ова на Северна Македонија ќе ѝ бидат достапни средства, чиј износ во оваа прилика не сакал да ги кажам, но ќе биде навистина значаен. Со тие средства ќе се работат проекти на државно но и локално ниво, подвлече премиерот Ковачевски.
Ново на Сител
-
Сведок во судењето за убиството и Вања и Панче: Запалениот цитроен „цитроен“ не донесе до пил-ап возилото и партијата „Десна“
-
Викендов променливо облачно време, од недела минусни температури
-
Ден на жалост во Велес, двајцата повредени во сообраќајката и натаму во критична состојба
-
Мицкоски најави нови германски инвестиции, очекува растот на БДП да надмине три отсто
-
Утринава нови дојави за бомби во училиштата во БиХ
-
РТС: Експлозија во фабриката Слобода во Чачак, има повредени
-
АХВ: Вонредни контроли во Куманово, уништени 100 килограми небезбедно месо
-
Џабе пребарувате сигурно е киднапирана можеби и убиена, велел цело време таткото на Вања