Заев: Очекувам по 5 години да се сменат патоказите во Грција, упатуваат кон ФИРОМ држава која не постои

Имплементацијата на Договорот од Преспа продолжува и на тоа се обврзани двете страни. Очекуваме грчката страна да го исполни делот од Договорот кој се однесува на сообраќајните патокази затоа што е време пет години по потпишувањето да се сменат патоказите во Грција кои упатуваат кон држава која не постои со кратенка ФИРОМ, вели поранешниот премиер Зоран Заев во интервју за грчката телевизија „One Chanel”.
Од друга страна, додава Заев, македонските граѓани годинава и до почетокот на идната година ќе го завршат процесот на промена на личните документи со новото име на земјата.
- Сакам да нагласам дека најважната работа од Преспанскиот договор е комплетно да се нормализираат билатералните политички релации кои веќе влегоа во нормален колосек со активна и редовна заемна комуникација, со меѓусебни државни средби кои резултираа со прва официјална посета на Грција на претседател од Македонија, како и со прва офијална посета на грчки премиер во земјава, вели Заев.
Тој оценува дека Договорот од Преспа отворил подобра иднина за двете држави, нова ера во меѓусебната соработка, регионална стабилност. Благодарение на Преспанскиот договор, вели тој, Северна Македонија е денес поблиску до ЕУ, а благодарение на подршката од Грција и останатите партнери гради посветла иднина за наредните генерации.
Според Заев, европската агенда за државава не е сон, туку реалност, бидејќи, како што наведува, добивме временска рамка дека 2030 година е реална можност земјава да стане членка на Европската унија. - Тоа ме прави оптимист. Останува да се убеди опозицијата дека сега е вистинскиот момент да за забрзаат обврските кои како земја ги имаме и да се придвижиме напред најбрзо што можеме ако сакаме да останеме заедно со останатите земји кандидати од регионот кои ќе се приклучат кон Унијата во 2030 година, наведува Заев.
Поранешниот премиер потенцира дека чекањето и ставањето на европските интеграциски процеси на пауза не е стратегијата која ни треба.
-Мора да останеме во процесот на преговори и да се движиме напред за да бидеме препознаени како земја која ги промовира европските демократски вредности, вели Заев, посочувајќи дека месеците кои следат ЕУ ќе донесе клучни одлуки во однос на проширувањето и реформите внатре во Унијата.
Ново на Сител
-

Трамп: Американските сили почнаа со расчистување на Ормуската Теснина
-

Џатевска: Ќе биде тежок натпревар и мора да имаме сериозен пристап
-

Уапсен 44-годишник, во крвта имал 3,18 промили алкохол и нападнал полицаец на службена должност
-

Мицкоски: Без силна акција од Брисел и други членки на ЕУ не може да дојде до промена на ставот на Бугарија
-

Уапсен 19-годишник, во багажник превезувал „пит бул“ повреден од улични борби
-

Три автомобили изгореа на Бит Пазар, нема повредени
-

16-годишник од скопско со нож тешко повредил соселанец
-

Турчин со тротинет удрил жена на „Партизанска“ и побегнал од местото на настанот
