-->
-->
Во Велес и Велешко голем интерес за владините мерки за поддршка на земјоделците
-->

Агенцијата за поттикнување на земјоделството во Велес информира дека во поширокиот велешки регион околу сто земјоделци се пријавиле за владината мерка 50 : 50 за набавка на механизација во земјоделството.
Како што информира за МИА, Тони Тасков, од Агенцијата, од година во година земјоделците од поширокиот велешки регион пројавуваат се’ поголем интерес за оваа владина програма, преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, а за која пријавувањето заврши на 20 феврури.
- Со оваа програма во многу им се олеснува за земјоделците за осовременување и обнова на земјоделскиот парк со нови трактори и друга приклучна механизација, а со што им се овозможува да го зголемат своето производство. Преку оваа мерка на Владата за помош на земјоделците, им се враќаат 50 отсто од парите кои ги потрошиле за набавка на нова механизација, информира Тасков.
Тој информира дека за владината мерка за млади земјоделци, наменета за млади од 18 до 40 години, а кои сакаат да отпочнат бизнис во земјоделието со своја идеја и план, Владата и годинава преку Агенцијата за финансиска поддршка на замјоделството, ќе додели милион евра на сто земјоделци од земјава, кои ќе добијат по 10 илјади евра неповрани средства. За оваа владина мерка од велешкиот поширок регион досега интерес пријавиле 25 лица, а повикот трае до 3 март.
Во Агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството во Велес, во тек е пријавувањето на пчеларите за осовременување на своето производство на мед односно набавка на сандаци, на матици и сета неопходна опрема.Повикот за оваа Владина мерка за пчеларите ќе трае до 10 март годинава, информира Тасков.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Српските студенти во блокада за утре најавија акција за собирање потписи - „Распиши победа“
-

Зеленски ќе ја посети Канада на пат кон Флорида, онлајн ќе разговара и со европските лидери
-

Вучиќ разговарал со Орбан за енергетската безбедност, му се заблагодарил за поддршката на Србија
-

Сиљановска-Давкова: Вредноста на нашите мировници никогаш не била повидлива
-

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат
-

Ваташанец лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта
-

Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез
-

Рубио повика на воздржаност поради ескалацијата на насилството во Јемен
