Германски БМЗ ќе инвестира 64,9 милиони евра во Скопје
Германската компанија за напредни батериски системи БМЗ ќе инвестира 64,9 милиони евра во Скопје, инфирмираат за МИА од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони (ТИРЗ). Инвестицијата ќе се реализира во ТИРЗ Скопје 2.
Договорот ќе биде потпишан денеска во Франкфурт од извршниот директор и основач Свен Бауер и директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски, во присуство на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и Јелица Ивановска, генерален менаџер на БМЗ Македонија.
Компанијата БМЗ произведува батерии за мопеди, тротинети и други производи од индустријата.
Битиќи и Деспотовски во Франкфурт утре ќе учествуваат на тркалезна маса со германски стопанственици пред кои ќе го претстават инвестицискиот потенцијал на Северна Македонија.
Според истражувањето за деловната клима на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија (АХК) и Македонско - германското стопанското здружение, објавено во јуни годинава, 80 проценти од постојните германски инвеститори повторно би инвестирале во државава.
Во анкетата, спроведена во февруари и март годинава со учество на 45 од вкупно 150 членки на здружението, 80 проценти од анкетираните навеле дека сакаат да ја прошират инвестицијата, како и да го зголемат бројот на работни места во државава.
Германија е првиот од петте трговски партнери на Северна Македонија според вкупниот обем на надворешно-трговската размена. Размената лани достигна 4,8 милијарди евра.
Ново на Сител
-
Гужви на граница
-
Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани мора да заврши во законски предвидениот рок од 90 дена, односно до 16-17 јуни
-
Фатен бегалец од затвор, четири години бил во бегство
-
Уапсен е гевгеличанецот кој со месеци демнел семејство од Скопје
-
23-годишен штипјанец се обидел со секира да ја нападне сопствената сестра
-
Песков: Договорот за прекин на војната со Украина не е можно брзо да се постигне
-
Трамп: Би сакал јас да бидам папа
-
42-годишен кавадарчанец ограбил 11 куќи и викендици за пет месеци