Рекордни 92.003 гледачи на спортски натпревар во женска конкуренција

Одбојкарскиот натпревар меѓу универзитетските екипи на Линколн и Омаха, одигран на стадион наменет за рагби во американската сојузна држава Небраска, привлече 92.003 гледачи, што е рекордна посетеност во светски рамки на спортски натпревар во женска конкуренција.
Податокот денеска го соопшти Националното универзитетско спортско здружение (НЦАА).
Стадионот „Меморијал“ во Линколн влезе во аналите како објект на кој е соборен претходниот рекорд што беше поставен во април оваа година на фудбалскиот натпревар во женската Лига на шампиони меѓу Барселона и Волфсбург, кој на стадионот „Камп Ноу“ привлече 91.648 гледачи.
Одбојката е најпопуларен женски спорт во Небраска, а во дуелот кој донесе рекордна посетеност домашната екипа од Линколн го совлада најголемиот ривал од соседната Омаха со 3-0 во сетови.
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
