Автобус со српски туристи кои се враќале од Грција каменуван во Македонија
Автобус со српски автобус кој се враќал од Грција бил каменуван од група малолетници кај надвозник во Македонија, известуваат српските медиуми.
Точната локација не е позната но како што пишува во објавата се место на половина час пред српска граница.
- Вечерва на враќање со автобус од Грција се случи нешто непријатно. Од надвозникот во Македонија бевме гаѓани со камен право во стаклото кај возачот. За среќа, стаклото не се скрши целосно и децата што седеа таму не беа повредени. Ние подоцна беа известени дека тоа го направила група малолетници, дека не сме први на кои ова им се случува и дека ова е често. Ете само да го укажам на возачите да внимаваат при минување под надвозникот низ Македонија, пишува на фејсбук страницата „Во живо од Грција“.
Ново на Сител
-
Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија
-
Израелска армија: Убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах
-
Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан
-
Муцунски: Наскоро ќе почнат консултациите за нови амбасадори и пополнување на местата во конзулатите
-
Нови израелски напади врз областа околу Бејрут
-
Приведено лице за издржување на тригодишна казна затвор
-
Промена на времето со значителен пад на дневната температура