БиХ: Седум Срби осудени на 91 година затвор поради киднапирање и ликвидација на 20 цивили во 1993 година

Суд во Сараево осуди седуммина Срби од Босна и Херцеговина на 91 година затвор за убиство на 20 цивили кои беа киднапирани од воз во близина на Вишеград во источниот дел на БиХ во 1993 година.
На 27 февруари 1993 година, вооружените припадници на војската на Република Српска запреа воз што сообраќал на релација Белград – Бар и киднапираа 20 цивили, од кои 19 беа Бошњаци, а 20-та жртва беше Томо Бузов од Сплит, пензиониран офицер на ЈНА, кој се спротивстави на киднапирањето и исто така беше одведен.
Цивилите беа одведени во локалната српска команда каде биле претепани и врзани со жица, а потоа застрелани во близина на Вишеград, а нивните тела биле фрлени во Дрина.
Судот утврди дека во ликвидацијата учествувал и шефот на српската паравоена единица, Милан Лукиќ, кој претходно беше осуден на доживотен затвор од Хашкиот трибунал за други злосторства врз бошњачките цивили во Вишеград.
Ново на Сител
-

Македонската фолклорна група „Илинден“ од Торонто освои прва награда на меѓународен фестивал во Краков
-

ЈП „Водовод и канализација“: Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Тотенхем со нова победа се поблиску до опстанок во Премиер лигата
-

Детроит и Кливленд по мајсторките ја минаа првата рунда од плеј офот во НБА лигата
-

„Ролинг Стоунс“ го најавија новиот албум и неговиот наслов
-

Во Берово најстудено утрово, во Гевгелија најтопло
-

Кошаркарките на Крива Паланка на чекор до прва шампионска титула
-

Ф1: Трета последователна победа на Антонели
