Нова трагедија во БиХ: Маж си ја убил сопругата, а потоа се самоубил

Синоќа околу 21:10 часот во градот Живинице во Тузланскиот кантон во Босна и Херцеговина маж си ја убил сопругата, а потоа се самоубил, објави Кликс.ба.
Како што пренесуваат босанските медиуми, мажот со иницијали М.А., роден 1965 година застрелал и убил жена со иницијали Ч.Т. родена 1971 година.
После тоа извршил самоубиство.
„Во 21 часот и 10 минути од полициската управа Живиница било пријавено дека од семејна куќа во населбата Подгајеви се слушаат истрели од огнено оружје, а во врска со таа пријава била испратена патрола, како и екипа на Итна медицинска помош. На местото на настанот се пронајдени две безживотни тела на маж и жена. Дежурниот лекар од Итна помош констатирал смрт на двете лица на местото на несреќата“, ја пренесе босански „Аваз“, изјавата на портпаролката на локалната полиција Аднана Спречиќ.
Нема дополнителни информации за околностите на оваа трагедија, која се случи само десет дена откако 35-годишната Низама Хеќимовиќ беше убиена во Градачац од нејзиниот поранешен партнер, кој потоа уби уште двајца мажи и рани уште тројца, а на крај исто така се самоуби.
Ново на Сител
-

Шведска се враќа на старото: Наместо таблети и компјутери, учениците повторно учат од книги и пишуваат со рака
-

Јанев: Финансиските истраги и одземањето на незаконски стекнатиот имот како клучни приоритети во борбата против организираниот криминал
-

Средношколците и студентите повторно организираа блокади и протести во повеќе градови во Франција
-

Платата на вработените во Армијата и во одбраната се зголемуваат за 10 отсто од 1 јануари 2027
-

Андоновски: Физибилити-студијата за националниот дата-центар е готова, се бараат финансиски партнери
-

Судењето за „Пулс“ продолжува со сослушување вешто лице на одбраната
-

Хакерски напади врз системите за ладење и во италијанските супермаркети и прехранбените компании
-

Претседателката Сиљановска-Давкова во Брисел на Самит за проширување на ЕУ во организација на Euronews
