Пет лица се полесно повредени во рускиот град Курск по напад на украинско беспилотно летало
„Украински беспилотно летало го нападна западниот руски град Курск, при што е погодена железничка станица и ранети се пет лица“, изјави гувернерот на регионот.
„Украински дрон го нападна Курск“, објави Роман Старовоит на Телеграм. „Според првичните информации дронот удрил во покрив на зградата на станицата, а потоа избувнал пожар“.
„Пет лица се полесно повредени“, додаде гувернерот.
Градот Курск се наоѓа на само околу 90 километри од границата меѓу Русија и Украина.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, на Телеграм објави дека беспилотно летало се обидело да лета кон Москва и дека нападот бил спречен од ПВО.
Според руското Министерство за одбрана, дронот бил пресретнат над реонот Ступински во московската област додека се движел кон главниот град. Тој беше уништен со електронски средства и падна во напуштена област без да предизвика жртви или штета, додаде Министерството, осудувајќи го обидот за „терористички напад“ за кој го обвини „киевскиот режим“.
Московските аеродроми Домодедово и Внуково беа накратко затворени ноќеска.
Ново на Сител
-

Кумановец почина откако му се слошило додека возел на локален пат
-

Од полноќ нови цени на горивата, по одлуката на Владата за намалување на ДДВ од 18 на 10 отсто
-

ВМРО-ДПМНЕ: ДДВ за горивата се намалува на 10%, граѓаните заштедуваат 1,5 милиони евра неделно
-

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење
-

Грчки медиуми: Северна Македонија го намали речиси за половина ДДВ-то на горивата
-

На Попова Шапка најстудено -3 степени и 57 сантиметри снег
-

ОН предупредуваат: Климатската криза се продлабочува поради растечки енергетски дисбаланс
-

Без вода дел од Центар и Пржино
