САД ја предупредуваат Турција на можни санкции поради Русија
Американската администрација упати предупредувања до Турција за воведување санкции во случај земјата да и помогне на Русија во заобиколувањето на ограничувањата наметнати од Западот, пишува американскиот весник Волстрит џурнал.
Во написот се нагласува дека турските компании помагаат во извозот на руска нафта, им дозволуваат на руските бродови да влезат во пристаништата во земјата со оружје и генерално му помагаат на Кремљ да ја набави западната електроника, неопходна заеба да ја продолжи војната против Украина.
Според WSJ, еден од тие „помошници“ на Москва е турската компанија Бекс Шип Менаџмент, која извезува руска нафта, која во 2021 година купила 37 бродови, од кои повеќето стари танкери за нафта.
Западен дипломат, кој побарал да не биде именуван, изјавил за весникот дека САД веќе се во постојан дијалог со турската влада поради таквите извештаи. Според него, Западот сега се надева дека ќе го избегне сценариото со санкции за турските компании.
„Ние работиме и со владата и со приватниот сектор за да ги освестиме за многу реалните ризици“, нагласи дипломатот.
Изданието прецизира дека за време на војната, Русија го зголемила својот удел на најголемите пазари на нафта во светот. Поточно, земјата накратко ја престигна Саудиска Арабија како најголем снабдувач на нафта во Кина во април. Аналитичарите предвидуваат дека слично сценарио може да се повтори во наредните месеци.
Ново на Сител
-
Утре без струја дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода
-
Трамп се закани со дополнителни царини за Кина ако таа не ги повлече најавените возвратни мерки против САД
-
Прва психолошка помош со Васка Митова, специјалист психијатар од клиниката за психијатрија
-
Ѓорчевски: Во моментот кога го одземаа животот на Вања, го одземаа и мојот
-
Кривична за скопјанец кој го тепал својот син и сакал да го исфрли од нивниот дом
-
Две лица од кривопаланечко го убиле својот сосед, го запалиле телото и ги закопале остатоците
-
Од 3,5 на 2 години намалена казната затвор за Пајазити за прегазувањето на 22-годишната Теодора
-
Таткото на Вања: Полицајци ме правеа ретардиран, ме убедуваа се регрутирала во ИСИС заминала за Шведска