Мицевски: Уставни измени под диктат нема, предвремени парламентарни избори мора да има

Уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат. Уставни измени под диктат нема да има, но предвремени парламентарни избори мора да има, порача денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.
- После цела година сеење магла од страна на власта излезе на виделина дека во Собранието нема двотретинско мнозинство за уставни измени. Во Собранието нема 80 пратеници, а надвор од Собранието над 80 проценти од народот се противи на уставни измени под бугарски диктат, рече Мицевски на денешната прес-конференција во Собранието.
Нагласи дека уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат од надвор. Тоа според него, е газење на достоинството и интегритетот на државата и погазување на суверенитетот. Посочи дека власта е развластена не само поради тоа што не пројдоа уставните измени, туку, како што рече, и поради тоа што ја упропастија државата
- Оваа власт е проблемот, а решението за тоа се избори. Уставни измени под диктат нема да има, но предвремени парламентарни избори мора да има бидејќи власта е делегитимирана, потенцира Мицевски.
Ново на Сител
-

Андоновски: До февруари ќе ги завршиме домашните задачи за „роаминг како дома“ во ЕУ
-

Чаби Алонсо доби отказ во Реал Мадрид
-

ЦУК: Состојбата со последните врнежи се следи и е стабилна
-

Распишана меѓународна потерница по 18-годишникот кој смртно прегази жена кај ТЦ „Беверли Хилс“
-

Манчестер Јунајтед добива менаџер до крајот на сезоната
-

58-годишник ја убил својата мајка во Богданци
-

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од повторените избори за градоначалник во четири општини, тече рокот за жалби
-

Ристески: Се стабилизира пазарот на јајца, цените намалени
