Кривична пријава за директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ поради злоупотреба на службената положба
СВР Охрид поднесе кривична пријава против директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ поради основано сомнение дека сторил кривични дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 47-годишниот Г.С. од Радовиш минатата година во својство на директор на ЦК „Григор Прличев“, и нанел штета на установата во износ од 104.200 денари.
-Во периодот од 2022 година досега, во својство на директор на ЈУЦК „Григор Прличев“, без одлука на управниот одбор на установата, без уредна покана и спротивно на Уредбата за издатоци за службени патувања и селидби во странство на органите на управата, во повеќе наврати за приватни потреби патувал надвор од РСМ, со што нанел штета на установата во износ од 104.200 денари, се вели во соопштенито на МВР.
Ново на Сител
-
Наследила 590.000 евра во криптовалути, но за да ги подигне мора да уплати 1.4 милиони денари - измама во Пробиштип
-
Европските лидери подготвуваат план за мировни сили во Украина со поддршка од САД
-
Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад
-
Известувачот на Европарламентот за Србија во посета на Белград
-
Парламентарни избори во Германија
-
Облачно со слаб ветер, дневната температура до седум степени
-
Македонија со 4 финалисти на Европското во Пловдив
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци