МО: Затруените македонски војници во Словенија се во добра здравствена состојба
Во добра здравствена состојба се двајцата македонски војници кои вчера се затруле со јаглерод моноксид додека црпеле вода од подрум во Домот на култура во Чрна на Корошкем, во Словенија, соопшти Министерството за одбрана.
- Македонските војници во Словенија се во добра здравствена состојба. Двајца македонски војници од контингентот упатен на испомош во Словенија во текот на вчерашниот ден по чистење на подрумски простории од последиците од поплавите, заедно со словенечките колеги, се пожалиле на мачнина од јаглерод моноксид по што превентивно се префрлени во болница за детални прегледи. По испитувањата утврдено е дека тие се добро и во текот на утринските часови вратени се во сместувачките капацитети каде денеска ќе одмараат. Благодарност до словенечките пријатели за брзата реакција!, се наведува во соопштението од македонското МО.
РТВ Совоенија претходоно јави дека осум лица, меѓу кои и двајца македонски војници, се затруле со јаглерод моноксид додека работеле на отстранување на псоледиците од поплавите во Чрна на Корошкем.
Главниот лекар на Армијата на Словенија Роберт Карота, соопшти дека меѓу затруените се пет припадници на словенечката војска, двајца македонски војници и еден пожарникар.
Вкупно 32 лица биле изложени на гас, меѓу кои 18 припадници на македонската армија, осум пожарникари и шест припадници на словенечката армија. Затруените лица веднаш со хеликоптер биле пренесени во болници во Градец, Марибор, Тополшица и Љубљана каде што им била укажана соодветна помош.
Според проценките на лекарите, сите затруени се чувствуваат добро и не се во животна опасност.
Ново на Сител
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
-

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи
-

Уапсен гостиварчанец, возел со 3,05 промили алкохол во крвта
