Затворска и парична казна и до 30.000 евра за предизвикување пожар во Грција
Висока парична казна што може да достигне и до 30.000 евра и затворска казна, дури и да станува збор за пожар од небрежност, се дел од одлуките донесени на денешната средба на министрите за климатски кризи и правда на Грција Василис Кикиљас и Јоргос Флоридис за воведување построги казни за предизвикувачите на пожари во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
Министерот за правда на Грција Јоргос Флоридис објасни дека во рамките на планираните промени на Кривичниот законик ќе настојуваат „да го исфрлат чувството на неказнивост, а казните ќе се издржуваат“.
– Криминалното дело подметнување пожар веќе се казнува со тешки казни. Она што ќе биде вклучено во основните промени на Кривичниот законик ќе биде дека и делата сторени од небрежност, доколку казната е над една одредена граница, овие казни ќе водат во затвор, рече Флоридис.
Министерот за климатски кризи и цивилна заштита Василис Кикиљас истакна дека паричните казни ќе бидат „повеќекратно повисоки од оние што важат сега“ и ќе бидат на исто ниво со казните за злоупотреба на животни, „односно дури и 20.000, 25.000 или 30.000 евра“.
Ново на Сител
-
31-годишник од Берово пријавил дека бил физички нападнат од едно лице во општина Аеродром во Скопје
-
75-годишен скопјанец пријавил дека неговите три внуки се оддалечиле од семејниот дом
-
Со трактор насилно влегол во шумски склад и оштетил возило, уапсен 43-годишник од струмичко
-
Јанев: ГП Дојран со зголемени капацитети за побрз, поефикасен и побезбеден проток на патници и возила
-
Приведен 49-годишник на ГП Долно Блаце, управувал со автомобил „ауди“ кое било барано од Интерпол
-
Малолетник нападнат од две лица во градски автобус на подрачјето на Бит Пазар во Скопје
-
Сиљановска-Давкова се сретна со победниците на „First Lego League Challenge”
-
МВР: Одземени возила користени во „диви“ трки во Куманово