Могерини: Интервенција на ЕУ во Либија само со повик од властите

Европа ќе интервенира во Либија против џихадистите од Исламска држава само ако добие официјално барање од меѓународно признатата влада, изјави шефот на европската дипломатија Федерика Могерини.
– ИД може да биде ефикасно поразен само ако легитимната либиска влада биде задолжена за сопствената безбедност, изјави таа во интервју за Журнал ди диманш.
ИД во изминатите мсеци почна да се проширува и во Либија по хаосот што владее во таа држава откако во 2011 година беше симнат од власт Моамер Гадафи.
Могерини нагласува дека во следните неколку дена ќе бидат од клучна важност за Либија пред гласањето за доверба на владата во парламентот во вторник и изјави дека Европа е подготвена да помогне со обезбедување и со администрација ако биде потребно.
– Со месеци поддржуваме напори за воспоставување влада на национално единство. Ако сакаме да им помогнеме треба да им веруваме бидејќи тие подобро ја знаат својата држава од нас, истакнува Могерини.
Во Либија има две влади од 2014 година откако бунтовници го зазедоа Триполи и ја натераа меѓународно признатата влада да побегне на исток во државата.
Ново на Сител
-

84-годишник со закана изнудил 5000 евра од негова роднина, па прекинал комуникации со неа
-

76-годишен тетовец починал откако избил пожар во неговиот стан
-

Димитриеска-Кочоска: Не се размислува за укинување на „Мој ДДВ“, исплата на солидарниот данок од март
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

На демонстрантите во Иран ќе им се суди како на непријатели на Бог
-

Стабилно и потопло време до петок, за викенд дожд и снег на планините
-

Повеќе пари за новороденчињата во Гази Баба: Поддршката се зголемува на 8.000 денари
-

СПМ ја поддржува иницијативата за укинување на "техничката влада"
