Русија тврди дека спречила напад со украински беспилотни летала врз цели во Москва
Две беспилотни летала лансирани од Украина нападнаа цели утрово во Москва, но беа пресретнати и уништени, соопшти руското Министерство за одбрана.
Руските државни новински агенции објавија дека делови од дроновите биле пронајдени на два километра од зградите на министерството. Оквалификувајќи го како „терористички напад“, Министерството за одбрана на Телеграм објави дека во нападот нема жртви.
Ниту Министерството за одбрана, ниту градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин не соопштија каде биле пресретнати беспилотните летала.
Руските државни новински медиуми јавија, повикувајќи се на итните служби, дека делови од дрон биле пронајдени во близина на зграда на авенијата Комсомолски, што е недалеку од зградите на Министерството за одбрана.
Сообраќајот на таа авенија е затворен, како и на авенијата Лихачев на југот на Москва, каде беше оштетена деловна зграда.
Од Киев засега нема коментар.
Ново на Сител
-
Албанија прва во светот по зголемување на бројот на туристи
-
Лекорну: Франција и нуди разузнавачки информации на Украина
-
Германската пошта укинува 8.000 работни места
-
Прв Младински дијалог за надворешната политика на ЕУ
-
Продолжува расправата во грчкиот Парламент по барањето за гласање недоверба на Владата поради железничката несреќа
-
Зеленски ќе учествува на вонредниот состанок на Европскиот совет и ќе се сретне со Руте
-
Средношколците во Србија утре повикуваат на генерален штрајк поради цените, но и поради состојбата во државата
-
Волстрит џурнал: Се очекува Трамп да нареди укинување на Министерството за образование