Македонија
21. July 2023 - 16:32

Во Струга има само двајца спасители, плажите не се под концесија туку биле узурпирани на диво

Узурпирани градските плажи во Струга. Долж езерото изградени се бесправни објекти и паркинзи а со поставените лежалки граѓаните се спречени да ги користат капалиштата.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ Струга, Деребан обвинува дека плажите не се издадени под концесија туку истите се узурпирани што е казниво со закон.

На струшкиот брег за безбедноста на капачите ангажирани се само двајца спасители.

Екологистите пак во неколку наврати предупредуваа дека спротивно на препораките на УНЕСКО зелените површини и деловите на трската долж брегот се претворени во приватни плажи.