Двајца гостиварци се нафатирале со разни измами: поголеми пензии, помали сметки...
СВР Тетово, Полициска станица Гостивар расветли шест измами, а на двајца гостиварци Ј.М. (42) и Ж.Т. (53) им е поднесена кривична пријава за измами, кои ги извршиле лани и една во 2009 година.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифосвски информира дека осомничените со измислени приказни и изговори успеале во шест случаи, противправно да остварат корист од 330.910 денари. Нивни жртви биле лица од Гостивар, Прилеп, Градец, Неготино-Полошко и Здуње.
- На шест оштетени лица, вешто и мошне досетливо, осомничените им барале и добивале парични средства. Тие им ветувале различни видови услуги: помали сметки за електрична енергија, поголеми пензии, позајмици за лекување болна жена и снаа, наоѓање на брачна партнерка, денарски средства за штета од сообраќајна несреќа со учесник-странец, па и помош за отворање фабрика. На еден прилепчанец во 2009 година му зеле и пари за лекување на снаа, изјави Јосифоски.
Според пријавата, оштетените, најчесто повозрасни лица, во сите случаи им поверувале и им ги дале бараните износи. На некои од нив, за да бидат поуверливи, осомничените им оставиле наводно вредни часовници, како гаранција дека ќе се вратат.
Ново на Сител
-
Германски Рајнметал пренатрупан со порачки за оружје
-
Експерти на ОН го обвинуваат Израел за геноцидни постапки и сексуално насилство во Газа
-
Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна
-
ФСБ спречила пакети со рачно изработени бомби да стигнат до војници и државни службеници
-
При претрес во Tетовско пронајдена дрога, приведен 19-годишник
-
Египет ја поздрави одлуката на Трамп да не бара од Палестинците да ја напуштат Газа
-
Оружје и муниција пронајдени кај 71 годишен жител на Струшко
-
Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Куманово