Бајден: Украина не е подготвена за членство во НАТО
Претседателот на САД, Џо Бајден синоќа за Си-ен-ен изјави дека Украина не е подготвена за членство во НАТО.
Мислам дека (Украина) не е подготвена за членство во НАТО. Не мислам дека има консензус во НАТО за тоа дали Украина треба или не да биде внесена во семејството на НАТО сега, во овој момент, среде војна, истакна Бајден.
Ниту генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг и другите членки на Алијансата не дадоа целосна поддршка за членството на Украина.
Столтенберг најави дека лидерите на Алијансата следната недела треба да се договорат за пакетот поддршка за Украина. Тој додаде дека повеќегодишна програма за поддршка вклучува посилни политички врски со Киев и реафирмирање на ветувањето на НАТО за членство на Украина во нејзините редови.
– На самитот лидерите ќе ги поддржат и плановите за одговор на можен напад од Русија или некоја терористичка група и за зголемување на производството на оружје, истакна вчера Столтенберг.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски долго време се залага НАТО да дозволи членство на Киев, тврдејќи дека украинските сили во нивната борба да ја одбијат руската инвазија прават повеќе од која било членка на Алијансата кога станува збор за одбрана на вредностите.
Зеленски ќе присуствува на Самитот на НАТО, што ќе се одржи на 11 и 12 јули во Вилнус.
Ново на Сител
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
-

Почна судењето на штипскиот угостител Зарков, кој е обвинет за убиство на неговата мајка
-

АХВ го затвори пансионот „Ав Aв Хепи Дог“
-

Изменет режим на јавниот превоз и работното време на ЈСП за новогодишните празници
-

Меѓународната федерација за дијабетес го призна дијабетесот тип 5
-

Засилени инспекциски надзори кај угостителските објекти: Издадени 96 прекршочни платни налози во износ од 2.823.870,00 денари
-

Индустриското производство до ноември поголемо за 1.9 % во однос на минатата година
-

ДКСК следната година ќе ја следи имотната состојба на 60 функционери
