Две лица од Ресен нелегално продавале алкохол и енергетски пијалоци во Прилеп

Царинската управа откри нелегална продажба на алкохол и енергетски пијалоци во Прилеп, која ја вршеле две лица од Ресен.
Инспекторите на Царинската управа по добиена информација за нелегална продажба на алкохолни и енергетски пијалоци на подрачјето на градот Прилеп и примена на мерки технички надзор, лоцирани се лицата В.М. и Д.М. од Ресен кои ја вршеле продажбата на локации во Прилеп. На 17-ти овој месец двете лица се пресретнати и стопирани на патниот правец Ресен - Битола и со наредба од судија во претходна постапка извршен е претрес на дом и други простории во Ресен.
При претресот пронајдени се 480 парчиња од 0,25 мл. енергетски пијалак Ред Бул, 25 шишиња од 0,5 литри коњак Скендербег, 25 шишиња од 0,5 литри узо Корча, 7,5 литри маслиново масло, 2 шишиња ликер Менте од 0,5 литри, над 70 разни ветеринарни лекови (100 и 200 мл), 27 плински уреди и 2 плински решоа, етикети за коњак Скендербег, инсектициди, потпалувачи за оган и др.
Царината утврдиал дека одземената стока без соодветни документи и истата била пуштена во слободен промет без притоа да бидат платени царинските и други давачки, согласно закон. Стоката е одземена, а по завршување на истрагата и целосно комплетирање на случајот, Царинската управа против сторителите ќе поднесе соодветна пријава.
Ново на Сител
-

ТАВ Македонија: Меѓународниот Аеродром Скопје е отворен, поради ниска видливост има откажани и пренасочени летови
-

Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
-

Поради маглата, на скопскиот аеродром има откажани летови, се реализираат со задоцнување
-

Почина актерот Лазе Манасков
-

Откажување на годишниот концерт на НУ Ансамбл „Танец“
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
