Одбележана годишнината од раѓањето на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски
Со полагање цвеќе и пригодна програма пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, денеска беше одбележана 67 годишнината од неговото раѓање.
Цвеќе положија претставници на Советот на Општината, членови на семејството Трајковски, граѓани, политички партии и здруженија.
- И покрај краткиот животен пат на Борис Трајковски, тој пат беше исклучително богат со вистински содржини и вредности. Тој се вивна во височините на македонскиот историски опстој за да стане и остане бесмртен за вечни времиња. Ретки се тие луѓе кои останале да живеат меѓу луѓето и тогаш кога физички не се меѓу нив. Борис беше човек кој неизмерно ги сакаше луѓето, Божје чедо кое го сакаше Севишниот Господ Бог, сопруг и татко кој неизмерно ги љубеше своите Вилма, Сара и Стефан, струмичанец кој си ја сакаше својата родна Струмица и Македонец кој ја сакаше Македонија, кој се гордееше со Македонија и кој веруваше во Македонија, рече Зоран Костадинов, член на Советот.
Пред споменикот на Трајковски беа прочитани и наградените творби по распишаниот литературен конкурс во организација на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ од Струмица.
Вториот претседател на државата, Борис Трајковски, е роден на 25 јуни 1956 во селото Моноспитово. Тој е близнак со брат му Александар и е трето дете во семејството.
Ново на Сител
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
-

Скопјанка измамена за сума од 117.000 денари од поранешен вработен во Катастар
