Свечено отворени Европските игри во Краков, настапуваат 17 македонски спортисти
Во полскиот град Краков синоќа свечено беа отворени третите Европски игри на кои до 2 јули ќе настапат и 17 македонски спортисти во седум дисциплини.
Европските игри на стадионот „Висла“ во Краков ги отвори полскиот претседател Андреј Дуда, а македонското знаме на церемонијата на свеченото отворање го носеа каратистот Емил Павлов и таеквондистката Милијана Рељиќ.
Околу 7.000 спортисти од 48 европски земји настапуваат на Игрите чиј домаќини се Краков и уште 12 полски градови, а ќе се натпреваруваат во 29 спортови или дисциплини, од кои дури 19 се бодуваат за директни норми за настап на Олимписките игри 2024 во Париз.
На церемонијата на свеченото отворање, полските организатори изразија гордост што се домаќини на најголемата мултиспортска манифестација во Европа по Олимписките игри 2012 во Лондон.
Пораката на Игрите гласи „Мир во Европа“, бидејќи Полска е домаќин на оваа манифестација во екот на руската агресија врз Украина и бројните економски предизвици ширум Стариот континент.
На церемонијата на отворањето, покрај домаќинот, најсилен аплауз доби Украина, додека руските и белоруските спортисти не учествуваат на манифестацијата.
Македонските спортисти ќе настапат во карате (Емил Павлов), спортско стрелаштво (Анастасија Мојсовска, Мартин Ангелески), таеквондо (Дејан Георгиевски, Анамарија Георгиевска, Милијана Рељиќ), текбол (Димитар Пејчиновски), кајак (Анѓел Петрушев. Никола Малевски, Владимир Малевски), мечувалство (Никола Николовски, Петар Србиновски, Петар Дамјановски, Матеј Тодороски) и бокс (Атила Илхан Озмен, Ален Рустемовски и Архан Исени).
Ново на Сител
-
Канадскиот премиер Трудо најави контрацарини од 25 отсто на американските стоки
-
Маркетите со речиси преполовен промет по бојкотот, Владата за утре најавува детали од инспекциите
-
Блокадата на „Мостот Слобода“ во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица
-
Сенката на можна трговска војна се надвиснува над односите ЕУ-САД
-
Утре без струја делови од Зелениково, Кисела Вода и Сарај
-
Магла утринава на неколку патни правци
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија