Османи: Очекуваме повеќе информации од надлежните институции околу убиството на македонски државјанин во Приштина

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на прес-конференција на Преспа форумот за дијалог во врска со убиството на македонскиот државјанин во Приштина и за тоа дали има подетални информации, кусо одговори дека институциите на Северна Македонија се во контакт со косовските и оти се очекуваат повеќе информации од надлежните за случајот.
- Нашите институции комуницираа со косовските власти и го потврдија тој податок којшто беше објавен во јавноста за наш граѓанин којшто е застрелан во Косово, но се разбира повеќе детали ќе обезбедат останатите институции. Ние како МНР го направивме првиот контакт, и ја потврдивме веста, одговори кусо Османи.
Македонски државјанин е убиен синоќа во Приштина, во престрелка што наликува на пресметка на криминални банди, јави претходно денеска дописникот на МИА од Приштина.
Според денешното соопштение на косовската полиција, убиениот бил пронајден во возило со македонски регистерски таблички, а на околу еден километар од местото на инцидентот е пронајдено запалено возило со германски таблички, кое се пртетпоставува дека е користено за убиството.
- Засега непознати сторители пукале со огнено оружје врз жртвата, маж, државјанин на Република Северна Македонија. Надлежни полициски единици излегоа на местото на настанот, каде што забележаа дека во возило со македонски регистерски таблички се наоѓа едно лице, а надлежен лекар констатира дека лицето нема знаци на живот. Околу еден километар од местото на настанот е пронајдено запалено возило со германски таблички, за кое постои сомневање дека осомничените побегнале од местото на настанот, се вели во соопштението.
Портпаролката на косовската полиција, Флора Ахмети синоќа изјави за медиумите дека во запаленото возило се пронајдени и две автоматски пушки „калашников“, со кои се претпоставува дека е извршено убиството на македонскиот државјанин.
Државјанинот на Република Северна Македонија, кој синоќа бил убиен во Приштина од неколку косовски медуми е идентификуван како Блерим Даци. Според порталот „Инсајдери“, кој објави и фотографија на жртвата, Даци им бил од порано познат на органите на правдата и полицијата поради неговата вмешаност во трговијата со дрога.
Ново на Сител
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
