Груевски: На изборите одлучува народот, од тоа се плаши СДСМ
На секоја провокација, закана и деструкција од СДСМ нашиот одговор е работа, многу проекти и заштита на интересот на граѓаните и државата. Тоа е одговорноста што ја имаме пред граѓаните, ја исполнуваме, а така и ќе продолжиме, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во обраќањето на денешната промоција на нови мерки од програмата на партијата за младите.
Груевски оцени дека политичките противници на ВМРО-ДПМНЕ целото време го трошат за обвинување, задкулисни сценарија, манипулирање и скандали. Политичката гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ, пак, наспроти тоа на долги работни состаноци, како што рече, обмислува интензивно со часови создавала и пишувала проекти за граѓаните со внимание што било целосно насочено како да создадат нешто повеќе и да го реализираат претходно ветеното.
Според Груевски, барем десетина од времето политичките противници да го посветеле на нешто корисно продуктивно ќе излезело нешто прифатливо и применливо.
- Разликата меѓу нив и нас е очигледна и повеќе од видлива. Нивната деструкција нема на народот да му ги реши проблемите, работата и проектите се тие кои носат решение. Нивната деструкција е за спас на нивните политички кариери, но исто така треба да им е јасно колку СДСМ да се труди да ја носи државата наназад и во поголема криза, ние имаме одговорност да ја носиме напред кон сигурна иднина. Таа одговорност ја имаме пред сите граѓани и ќе ја исполниме, рече Груевски.
На изборите, порача, народот одлучува, а Македонија, како што рече, ќе ја победи и оваа наметната криза од СДСМ. Наведе дека е убеден во тоа затоа што верувал во силата на народот.
- Затоа СДСМ и Заев се плашат од избори, бидејќи нивниот главен страв е одговорот од граѓаните кои многу добро гледаат и знаат што точно се прави. Изборите ќе бидат одговор кој СДСМ ќе го добие не од ВМРО-ДПМНЕ, туку лично од граѓаните на Македонија. Тој одговор ќе биде громогласно „не“ на сите нивни манипулации, афери, закани, најави од Заев за апсење, не за јавните етикети, цензорските закани, опструкциите, подметнувањата и сплетките и големо „да“ за работа, за програма и за брз развој, за продолжување и уште поголемо забрзување на темпото на работа и реализација на тековните и многу нови проекти, рече Груевски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ најави дека во периодот што следи ќе промовираат многу нови проекти и мерки за граѓаните. Нивното внимание, посочи дека е насочено кон работи кои им помагаат на граѓаните и ги решават проблемите во повеќе области.
Ново на Сител
-
19-годишен возач прегази малолетен пешак во тетовско
-
Таткото и мајката на детето кое изврши убиства во ОУ „Владислав Рибникар“ осудени на 14,5 и на три години затвор
-
Пад на индустриското производство
-
Таравари го оцени јавниот здравствен систем со осумка, вели се дава максимум и се добиваат квалитетни услуги
-
Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависат Велигденската и Рамазанската кошница
-
Просечната камата на кредитите на годишно ниво во ноември е 5,36%, а на депозитите 2,12%
-
ДПИ ќе провери дали е постапено по заклучоците за случајот со приредбата во училиштето во Челопек, најави Јаневска
-
Осум лица осомничени за злоупотреби при јавна набавка во Дирекцијата за ТИРЗ