МОН бара од ДИЦ да се лоцира одговорноста за пропусот на полагањето на вториот екстерен испит
Министерството за образование и наука информира дека од Државниот испитен центар побарало да се лоцира одговорноста меѓу учесниците во спроведувањето на државната матура за, како што наведува „направениот пропуст при полагањето на вториот екстерен испит по англиски јазик“.
-Иако тестот не им бил достапен на учениците пред полагањето, односно истиот е споделен меѓу матурантите преку апликација за електронска комуникација за време на самото полагање, сепак, тоа е пропуст кој никако не требало да се случи и повлекува соодветна одговорност. По добивањето на информациите од ДИЦ, тие ќе бидат споделени со јавноста, соопшти МОН.
Информира и дека побарало од оваа година полагањето на испитите да се спроведува во поголеми простории во училиштата, како на пример во училишните сали и холови каде би биле сместени сите матуранти кои се пријавени за полагање државна матура и со присуство на повеќе тестатори и набљудувачи.
-Но, поради случувањата во ДИЦ, штрајкот на вработените непосредно пред датумите за спроведување на државната матура, тие не се случија. Така што, очекуваме промените да се иплементираат во следната учебна година, со што ќе се намалат ризиците од можни нерегуларности кои би ја довеле во прашање веродостојноста на резултатите, соопшти Министерство за образование и наука.
Ново на Сител
-

За да си замине порано од работа Кичевец пријавил бомба во РЕК „Осломеј“
-

Општина Струга ќе го продава на аукција аудито на Мерко, почетна цена 21.800 евра
-

Платформата ptici.mk собра над 34.000 податоци за птиците во Македонија
-

Македонските државјани од Израел попладне треба да бидат евакуирани со владиниот авион, во следните денови евакуација и од останатите држави
-

Ердоган: Анкара е подготвена да посредува за прекин на огнот помеѓу Пакистан и Авганистан
-

Комисијата за прашања на избори треба да го соопшти предлогот за нов член на Судскиот совет
-

ОН: Ниту една земја во светот не постигнала целосна правна еднаквост за жените
-

Утринските температури од 0 до 7 степени, преку ден до 17
