Втор дел државна матура – полагање на изборниот екстерен испит
Матурантите денеска од 10 часот ќе го полагаат вториот екстерен испит. Тој е изборен и тие можеа да се определат за еден од седум понудени предмети.
Според податоците на Државниот испитен центар, како и во минатите години најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик, за Математика се пријавени 1397, Француски јазик - 29, Германски јазик - 122, Руски јазик - 17, Естетика - 81 и Филозофија ќе полагаат седум матуранти.
За полагање на државната матура во јунскиот испитен рок годинава беа пријавени 15 620 матуранти. Од нив, 6750 се од гимназиско образование, 8598 од средно стручно и 272 од средно уметничко образование.
На 27 мај беше реализирано полагањето на првиот екстерен испит – Мајчин јазик и литература кој е задолжителен за сите матуранти. За Македонски јазик и литература беа пријавени 10 768 матуранти, за Албански јазик и литература 4380 и за Турски јазик и литература - 357.
Резултатите од тестовите за двата екстерни испита ќе бидат објавени најдоцна еден месец по полагањето на вториот екстерен испит односно до 10 јули.
Матурантите што во јуни нема да ја положат матурата или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската испитна сесија, полагањата ќе бидат на 9 и 11 август.
Ново на Сител
-

Превртена цистерна на патот Струга - ГП „Ќафасан“, сообраќајот во прекин
-

Масовна тепачка помеѓу Македонци и Албанци во Италија, уапсени 11 лица
-

Продлабочена економската и технолошката соработка меѓу Чешка и Македонија
-

Пензијата за декември ќе биде навреме исплатена на 2 јануари
-

Секој македонски граѓанин изминатата година создал по 438 килограми комунален отпад
-

Завршена е реконструкцијата и рехабилитацијата на дел од булевар „Гевгелија“ и натпатникот на улица „Железничка“ во Гевгелија
-

Брижит Бардо ќе биде погребана покрај море
-

Две четиричасовни блокади на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони
