Земјоделците очекуваат поголем род на пченицата, но и регулирана откупна цена
Земјоделците од Овчеполието од претстојната жетва на јачмен и лебно зрно, годинава очекуват двојно зголемен принос во однос на лани.
Минатата година по хектар се ожнеа по околу 2 тони од овие житни култури, а благодарение на врнежите од дожд во изминатиот период се очекува 4 тони по хектар. Сепак, повторно има проблем со откупната цена, која се уште не е дефинирана.
„Во моментот цената на пченицата е малку намалена, меѓутоа, доколку вака продолжи, ние очекуваме да помогне Министерството за земјоделие. Исти така, некои од земјоделците, односно, сточарите, бараат да биде забранет извозот на пченица. Производителите пак, на пченица, обратно, бараат да има извоз на пченица, заради тоа што цената во тој случај е контролирана според светските берзи и пазарот“, изјави Гоце Серафимов, претседател на Асоцијацијата на земјоделци.
Серафимов смета дека откупната цена на пченицата не смее да биде под 20 денари, а во моментот се движи помеѓу 14 и 15 денари за килограм.
„Тоа е ниска цена, зашто во меѓувреме се се покачи, репроматеријали, ѓубрива, нафта. Есента кога ја сеевме пченицата цената на нафтата беше 110 денари“, додаде Серафимов.
Зголемената влажност, од друга страна, предизвика да се појават болести кај пченицата, па се принудени да употребуваат пестициди за да го спасат родот.
Од ресорното министерство ќе бараат да им дозволи, барем на 3 години да можат да ги палат стрништата, но под надзор, зашто повеќе штета трпат од болести, отколку претходно кога ја гореа сламата.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар