„Јени Шафак“: Сириски бегалец го извршил нападот во Анкара
Сириецот Салих Наџар, идентификуван врз основа на отпечаток од прстите, е извршител на вчерашниот бомбашки напад во центарот на Анкара, во кој 28 лица загинаа, а 61 е рането, објави денеска провладинот весник „Јени Шафак“.
Весникот не го наведува изворот на веста, која засега не е можно да потврди, напоменуваат британските медиуми.
Весникот наведува дека Неџар во Турција влегол како сириски бегалец. По влезот во земјата нему, наводно, му биле земени отпечатоци од прстите и дека на тој начин полицијата го идентификувала, објавено е на сајтот на „Јени Шафак“.
Како што наведува овој медиум, автомобилот со кој е извршен нападот во центарот на Анкара пред околу две недели бил земен под наем во Измир, на западот од Турција.
Засега никој не ја презеде одговорноста за вчерашниот напад, но турски безбедносни претставници наведуваат дека постојат индиции дека зад него стојат курдските екстремисти од забранетата Курдска работничка партија (ПКК).
Безбедносни извори од југоисточна Турција, мнозински населена со Курди, меѓутоа, веруваат дека зад експлозијата стои Исламска држава, додаваат британските медиуми.
- Експлозијата во центарот на Анкара е предизвикана од бомба подметната во автомобил, а е активирана во момент кога оттаму минувало комбе што превезувало воен персонал, изјави гувернерот на Анкара, Мехмет Киликлар.
Портпаролот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) Омер Челик на Твитер напиша дека експлозијата во близина на Парламентот, зградата на Владата и Генералштабот на армијата, претставува „акт на тероризам“.
Турската телевизија НТВ јави дека експлозијата се случи во време на најгуст сообраќај, додека луѓето се враќале од работа, а возилото експлодирало во близина на седиштето на војската додека покрај него минувало комбе со војници, пренесуваат американските медиуми.
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување