Османи положи цвеќе пред училиштето „Владислав Рибникар“ и им оддаде почит на жртвите од масакрот
Претседавачот на ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи кој претстојува во Белград положи цвеќе пред училиштето „Владислав Рибникар“ и им оддаде почит на жртвите во масовното убиство што се случи на 3 мај, јави дописникот на МИА од Белград.
-Овие промени сите ги чувствуваме. Соочени со оваа незамислива трагедија, клучно е да се здружиме да ја споделиме загубата и болката и да ги поддржиме најпогодените. Само на тој начин ќе потврдиме дека сме подготвени да спречиме вакви страшни инциденти да се случуваат во иднина, напиша Османи на Фејсбук.
Според него, неизмерна е тагата што ја чувствуваат семејствата чии животи засекогаш ги промени овој чин, но тие, вели Османи, не се сами.
-Заедно со ОБСЕ нудиме утеха, сила и солидарност на нацијата обединета во колективната тага. Споменот на жртвите нека биде поттик за сите нас да работиме напорно за побезбедна иднина, каде што училиштата се симбол на знаење и пријателство, порача Османи.
Ново на Сител
-
САД ќе продолжат да се ангажираат за прашања од заеднички интерес
-
Може ли за неколку месеци да се стане АИ експерт? | Growth Labs Academy | Sitel Podcast 050
-
Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал
-
Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна
-
Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција