Мицотакис не очекувал толку голема разлика меѓу Нова демократија и СИРИЗА

Сигурен бев дека ќе оствариме голема победа, но ако ме прашувате, со рака на срце, дали очекував толкава разлика помеѓу Нова демократија и СИРИЗА, храбро ќе кажам „не“, истакна премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис во интервјуто за грчката телевизија „Алфа“, јави дописничката на МИА од Атина.
На изборите во неделата, Нова демократија победи со 40,79 проценти од гласовите, 20 отсто повеќе од СИРИЗА, а Мицотакис вели дека никој не можел да предвиди, дека неговата партија ќе има повеќе од двојно поголем процент од втората партија и дека ќе го зголеми не само процентот, туку и бројот на гласови.
-Сигурно беше пријатно изненадување. Изненадување, кое сепак, освен првичното задоволство, морам да Ви кажам дека ме исполнува со многу поголема одговорност за иднината, бидејќи ја чувствувам тежината на довербата на граѓаните, рече Мицотакис.
Сепак, потенцираше дека грчкиот народ мора на следните избори да и даде нова силна поддршка на Нова демократија за повторно да победи со силно мнозинство, бидејќи токму следните избори се одлучувачки за тоа кој ќе управува со државата во следните четири години.
-Како што многупати имам кажано, на секои избори гласачката кутија е празна. Треба повторно да се наполни со многу гласачки ливчиња на Нова демократија, доколку граѓаните сакаат да ја потврдат одлуката што суштински ја донесоа на претходните избори, рече грчкиот премиер и претседател на Нова демократија.
Со оглед на тоа дека попладнево свечена заклетва ќе положи новиот, привремен грчки премиер, интервјуто за „Алфа“ беше последно за Мицотакис од Премиерската палата, но изрази надеж и амбиција дека по изборите на 25 јуни ќе се врати во истата канцеларија.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
