Деветмина уапсени во БиХ за детска порнографија
Девет лица се уапсени денеска од полицијата во Босна и Херцеговина под сомнение дека искористувале деца за порнографија, потврди Министерството за внатрешни работи на Република Српска.
Апсењата ги извршиле припадници на одделот за високотехнолошки криминал на Управата на криминалистичка полиција на ентитетот, во соработка со полицијата од Бјелина, Добој и Бања Лука.
Полициските рации се извршени на осум локации што ги користеле уапсените и каде, како што се сомнева, се сторени кривичните дела. Одземени се компјутери, таблети, телефони и мемориски и сим-картички.
Освен за детска порнографија, уапсените се товарат и за перење пари и недозволено поседување оружје.
Локалните медиуми објавија дека уапсените извршиле кривични дела со посета на веб-страници кои содржеле материјали со фотографии од детска порнографија. Преземале фотографии и видеа од тие страници, ги зачувувале, а потоа ги споделувале преку социјалните мрежи и апликации.
Ваквите снимки ги рекламирале на социјалните мрежи и преку „Пеј Пал“ ги продавале на други лица.Девет лица се уапсени денеска од полицијата во Босна и Херцеговина под сомнение дека искористувале деца за порнографија, потврди Министерството за внатрешни работи на Република Српска.
Апсењата ги извршиле припадници на одделот за високотехнолошки криминал на Управата на криминалистичка полиција на ентитетот, во соработка со полицијата од Бјелина, Добој и Бања Лука.
Полициските рации се извршени на осум локации што ги користеле уапсените и каде, како што се сомнева, се сторени кривичните дела. Одземени се компјутери, таблети, телефони и мемориски и сим-картички.
Освен за детска порнографија, уапсените се товарат и за перење пари и недозволено поседување оружје.
Локалните медиуми објавија дека уапсените извршиле кривични дела со посета на веб-страници кои содржеле материјали со фотографии од детска порнографија. Преземале фотографии и видеа од тие страници, ги зачувувале, а потоа ги споделувале преку социјалните мрежи и апликации.
Ваквите снимки ги рекламирале на социјалните мрежи и преку „Пеј Пал“ ги продавале на други лица.
Ново на Сител
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари
-
Почна автобуски превоз од Тетово до Попова Шапка, градоначалникот најави поддршка за ски центарот
-
Опожарено возило во Аеродром, нема повредени