Авганистан го пријави првиот случај на полио во 2023 година

Авганистан го пријави својот прв случај на детска парализа во 2023 година, откако четиригодишно дете стана последната жртва на болеста која парализира.
Авганистанското Министерство за здравство соопшти дека случајот е регистриран во областа Бати-Кот во источната провинција Нангархар.
Минатата година во Авганистан беа откриени два случаи на див тип полиовирус.
За претстојната недела е планирана нова кампања за вакцинација против детска парализа, во која повеќе од 6,4 милиони деца ќе бидат вакцинирани против оваа болест, додаваат од Министерството.
Кампањите за вакцинација во Авганистан и Пакистан често наидуваат на тешкотии поради теориите на заговор дека вакцинацијата против детска парализа предизвикува неплодност или дека оние кои вакцинираат се користат како шпиони. Во многу инциденти, медицинските лица кои вакцинираат против детска парализа биле нападнати од екстремисти.
Детската парализа е вирусна болест за која нема лек и може да се спречи само со вакцинација. Може да предизвика парализа и да доведе до смрт.
Ново на Сител
-

Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда
-

Уапсен 16-годишник кој крадел во џамии во Тетово
-

Американец заразен со ебола евакуиран на лекување во Европа
-

Силекс и Шкендија ќе играат за трофејот во Купот на Македонија
-

Најмалку десет загинати во израелски напад врз јужниот дел на Либан
-

Паднаа цените на нафтата
-

Седница на Уставниот суд со седум иницијативи на дневен ред
-

Во ЕУ постигнат прелиминарен договор по однос трговските односи со САД
