-->
-->
Македонија ја совлада Турција и се пласира на следното ЕП
-->

Македонската ракометна репрезентација во драматичен меч со пресврт славеше против Турција со 30-27 и се пласира на следното ЕП.
По израмнетото прво полувреме кое заврши со резултат 15-15 во вториот дел Турците отворија подобро и направија опиплива предност од 24-20. Ова предизвика загриженост на клупата по што селекторот Кире Лазаров побара тајм-аут во кој ги советуваше своите ракометари да ја подобрат комуникацијата и играат на резултат.
Во тие моменти се разигра Јагуриновски а во продолжение успеавме да израмниме и во 55. минута да поведеме со 26-25. Во финишот се разиграа Томовски и Митев и Македонија ја зголеми предноста за сигурен влез во завршницата на мечот.
Македонија вечерва играше за Гоце Георгиевски, крилото кое за последен пат го носеше црвено-жолтиот дрес и кој реши да замине во репрезентативна пензија.
Заслужено, пред почетокот на дуелот луѓето од РФМ му врачија дрес на Гоце Георгиевски а полната сала со големи аплаузи го испрати крилото на Вардар.
Јагуриновски и Митев беа клучни играчи во тој дел од натпреварот, а Мартин Томовски блескаше со дури 15 одбрани.
На крајот и Гоце Георгиевски од пенал реализираше гол кој ќе го памети уште долго, а Македонија заслужено славеше 30-27 и обезбеди сигурен пласман на Евро 2024 во Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
-

ОЈО Прилеп отвори истрага против референт во Центарот за вработување за поткуп од 18.000 денари.
-

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорност
-

55 годишна жена пронајдена почината во коритото од чешмата во село Копаница
-

Панел дискусија за органодарителство, за трансплантација на срце чекаат 29 пациенти, 12 за црн дроб, 160 за бубрези
