Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод празникот Рамазан Бајрам
„Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите муслимани во Република Македонија им го честитам големиот празник Рамазан Бајрам.
Живееме во времиња на големи предизвици и проблеми кои ги делиме заедно, исто како што сме ги делеле низ вековите наназад. Токму ваквите празници се можност да ги истакнеме нашите заеднички традиционални вредности кои не врзувале низ годините, а тоа се разбирањето, солидарноста, толеранцијата истрајноста. Верата во Бога го прави секој човек духовно побогат и подготвен да се справи со сите пречки кои се испречуваат пред него. Луѓето, без разлика на религијата, кога се обединети и кога имаат силна верба можат заедно да направат подобро утре за себе и за своите блиски, за своите комшии и за своите сограѓани.
Правењето добри дела може да ги сплотува луѓето. Јас , но и ВМРО-ДПМНЕ веруваме дека со добра волја и силна пожртвуваност можеме заедно да направиме добри дела и да си ја подобриме својата иднина и иднината на нашите деца и внуци. Како што доброто е универзално, така и лошите појави се зло за секој од нас. На тие појави, како корупцијата, криминалот, кои пак носат сиромаштија, очај и безнадежност, мораме заедно да се спротивставиме.
Да го кренеме гласот против изворот на овие извитоперени вредности во нашето општество, да им покажеме на оние кои се носители на ова безумие дека не можат да не поделат, не можат да не скршат, туку дека не обединуваат посилно да им застанеме на патот.
Нека празникот ви донесе мир и радост во вашите срца, бериќет, здравје и успеси во вашите домови.
Честит Рамазан Бајрам“ , се вели во честитката упатена од претседателот на ВМРО-ДМНЕ, Христијан Мицкоски по повод празникот Рамазан Бајрам.
Ново на Сител
-
Лидерите на Вреди на состанок за состојбата во коалицијата и за локалните избори
-
Трамп подготвува нови санкции против Русија ако не се постигне примирје до крајот на април
-
Коцевски го побарал предметот за возачот кој ја прегази Теодора
-
Западни медиуми: НАТО подготвува воени карти во случај на конфликт со Русија
-
УНИЦЕФ: Илјадници деца се жртви на сексуално насилство во источниот дел на ДР Конго
-
Формирана нова првостепена комисија за лекување во странство
-
Утре и задутре посебен режим на сообраќај во Скопје и на патот ГП Блаце - скопска обиколница
-
Тројца осомничени за пожарот во Кочани одат во куќен притвор