-->
-->
Барселона подготвува двегодишен договор за Гундоган
-->
Раководството на Барселона подготвува договор на две години за фудбалерот на Манчестер сити, Илкај Гундоган, кој во шпанскиот клуб би можел да премине без обесштетување.
Гундоган има договор со Сити со крајот на сезоната, а 32-годишниот германски репрезентативец разгледува понуди и од други клубови.
Како што пренесува денеска весникот Тајмс, раководството на Барселона му нуди на Гундоган двегодишен договор со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
Гундоган во 2016 година дојде во Манчестер сити од Борусија Дортмунд и за англискиот клуб одигра 293 натпревари на кои постигна 54 голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нов напад на американскo израелските сили, погодена болница во Техеран
-

Повеќе од 150 македонски државјани затечени во загрозените подрачја ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-

Трамп: Уништивме девет ирански воени бродови
-

Рама го разреши генералниот директор на албанската полиција Илир Прода и директорот на полицијата на Тирана
-

Во напад врз женско училиште во Иран убиени 165 ученички
-

Напад во западен Иран уби десетици припадници на безбедносните сили
-

Израел ja нападна зградата на иранската државна телевизија во Техеран
