Македонија
16. February 2016 - 17:16

Започна Рута 2 од проектот „Скопје Велоград 2014-2017“

Започнаа  градежните работи на втората рута од проектот “Скопје Велоград 2017”, на раскрсницата на булеварот Јане Сандански и булеварот Србија  во населбата Аеродром.

Втората  рута   ги опфаќа Аеродром-Центар-Карпош-Ѓорче Петров или околу 11 киломе-три.

„Скопје Велоград 2017“ е капитален проeкт на Град Скопје  кој има за цел унапредување на велосипедската инфраструктура во Скопје и зголемување на безбедноста во велосипедскиот сообраќај. Со него е  планирано  во градот да се оформат четири главни велосипедски рути кои ќе се протегаат во насока исток – запад и 7 конектори кои ќе се протегаат во насока север – југ.

Градежните работи ги изведува ЈП ,,Улици и патишта,, ,а се очекува да бидат завршени кон крајот на летото.