Ковачевски: Мицкоски многу често ги менува ставовите
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не е пратеник, така што не е релевантен да зборува за уставните измени, а и многу често ги менува своите ставови, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Постапката за уставни измени треба да почне, оцени Ковачевски и изрази уверување дека Собранието има демократски капацитет за овој процес.
-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ не е пратеник, така да е нерелевантен да зборува за тоа прашање, а и многу често ги менува своите ставови. Прво кажуваше дека го поддржува Договорот со бугарскиот премиер во тоа време, потоа дека не го поддржува, потоа со премиерот Петков кажа дека поддржува уставни измени, па потоа рече дека не поддржува, потоа рече дека ако некој негов пратеник гласа за уставни измени ќе даде оставка, па им земаше нотарски изјави на пратениците дека нема да гласаат, за потоа да каже поддржуваме уставни измени, но по хрватски модел, па по три дена повторно рече дека не поддржуваат уставни измени, рече Ковачевски.
Посочи дека веќе се објавени членовите на Комисијата за подготовка на амандманите кои се претставници на политичките партии, а тоа ќе биде направено и со експертите кои треба да се дел од оваа Комисија.
- Процесот ќе почне и ќе се одвива во Собранието, рече премиерот, одговорајќи на новинарски прашања по денешната посета на компанијата „Левидиагро Дооел“ во Кочани.
Ново на Сител
-

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028
-

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила
-

Лавров тврди дека Украинците ја нападнале резиденцијата на Путин, Зеленски негира
-

Во БиХ усвоена одлука за легализација на канабисот за медицински цели
-

Македонска Каменица прогласи тридневна жалост поради смртта на сограѓанка
-

Таткото на прегазената Теодора: Барам иста правда за сите, зарем животот на мојата ќерка вредеше само 2 години?
-

Повисоки плати, нов концепт за матура, ѕид на срамот - Јаневска на брифинг со новинарите за плановите за 2026 година
-

Меморандум за претставување на Скопје како европски културен центар во 2028 година
