8-годишното дете било искасано на главата и вратот, искрварело на пат кон болница
Жителите на Пинтија се длабоко потресени од смртта на 8-годишното дете кое вчера до смрт било искасано од куче на соседот. Родителите се обиделе да сторат сè за да го спасат нивното синче, но за жал детето искрварило до смрт уште пред да биде донесено во болница. Директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ за порталот изјави дека дежурната екипа направила сè за да го реанимира момчето, но како што вели тоа веќе искрварило.
- Во Клиниката пристигнале со приватно возило, но веќе било предоцна. Момчето има големи и длабоки рани како резултат на гризање во пределот на главата и во вратот каде се наоѓа главната каротидна артерија. Токму таму било изгризано, заради што и веднаш исрварило. Тимот лекари се обиделе да го реанимираат, но за жал детето, како што реков било мртво уште пред да стигнат во болница, посочува д-р Арсенков за Фактор.
Ново на Сител
-

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат
-

Ваташанец лишен од слобода, возел со 1,77 промили алкохол во крвта
-

Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез и излез
-

Рубио повика на воздржаност поради ескалацијата на насилството во Јемен
-

Хрватска од 1 јануари ја презема контролата и заштитата на сопствениот воздушен простор
-

Пет лица се повредени во руски напад врз Киев
-

Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја
-

Фон дер Лајен телефонски ќе разговара со Зеленски и други европски лидери
