Бајден во посета на Северна Ирска и Ирска
Американскиот претседател Џо Бајден денеска пристигнува во посета на Северна Ирска. Тој денеска и утре ќе биде во Белфаст, во момент кога Северна Ирска одбележува 25 години од мировниот договор со кој заврши 30-годишниот конфликт.
Бајден, кој со децении е познат по своите проирски ставови, утре ќе зборува со претставници на сите политички партии и ќе одржи говор на Универзитетот во Алстер.
Ова е прва посета на американски шеф на држава на Северна Ирска во последните 10 години.
По Северна Ирска, Бајден ќе ја посети Ирска, каде ќе разговара за блиската билатерална соработка за низа глобални прашања
Бајден има ирски корени. Неговиот пра-прадедо по мајка, Џејмс Финеган, емигрирал од Ирска во САД во годините на глад од 1845-1852 година, во кои над милион луѓе умреле од глад на островот.
Ново на Сител
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
-

Митева за Сител: Системот со карти за 8 Септември е поради безбедноста и за да нема огромни редици
-

Вучиќ: В среда или в четврток ќе ги распишам изборите
-

Над 15 отсто од Македонците се дебели – каде сме во споредба со Европа?
-

Трамп вели дека Кушнер и Виткоф одат во странство за да разговараат за мир во Украина
-

Во Загреб ќе се одржи голем протест поради нелегално исфрлени околу 33.000 тони опасен отпад
-

Сончево и топло, со температури до 37 степени
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за забрзан европски развој на Македонија
