Фракцијата на ДУИ: Цврсто ги подржуваме уставните измени
Имајќи во предвид дека евро-атлантските интеграции за нас претставуваат приоритет над приоритетите, сакаме да истакнеме дека цврсто ги подржуваме уставните измени.
Следствено, сакајќи во овој процес да имаме активна а не само набљудувачка улога, иако официјално не смe поканети, ја изразуваме нашата целосна подготвеност како фракција во рамките на Демократската Унија за Интеграција да учествуваме во работната група за уставни измени и да ги ставиме на располагање на државата сите наши професионални капацитети.
Повторуваме, непоколебливо ја подржуваме иницијативата за уставни измени, процес кој би отворил нова перспектива за земјата на патот кон интеграција во ЕУ, почитувајќи ја апсолутната волја на албанскиот народ за отстранување на формулацијата „20 проценти“ од Уставот во однос на албанскиот јазик .
Го покануваме целиот албански политички фактор да се произнесат за оваа битна тема, да ја поддржат оваа иницијатива и да бидеме обединети во овој став, бидејќи со ова се отвора ново поглавје во нашиот пат кон ЕУ, но исто така се поправа и една дво-децениска неправда кон албанскиот народ во Република Северна Македонија.
Фракција на ДУИ
Ново на Сител
-

116 години од раѓањето на Мајка Тереза
-

Доцна синоќа изгаснат пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско
-

Песков: Директорот на ЦИА не се сретна со Путин
-

Годишниот извештај на Антикорупциска, Националната стратегија и неколку посебни извештаи пред матична комисија во Собранието
-

Вкупно 23 лица спасени откако по три часа беа заглавени на рингишпил во Хамбург
-

Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во болница во Пакистан
-

За седум месеци во Албанија престојувале над 7 милиони странски туристи
-

Сончево и топло до 37 степени
