Награда за тимот од Неврохирургија
Признание за највисоко рангиран научно-истраувачки труд од областа на медицината за 2022 година, за мултидисциплинарниот тим предводен од д-р Рендевски, доделено од Македонското Лекарско Друштво, по повод 7 април светскиот ден на здравјето.
Македонското Лекарско Друштво (МЛД), по повод 7 април, светскиот ден на здравјето организираше свечен собир под мотото ,,здравје за сите“.
На настанот обраќања имаа: претседателот на МЛД, проф. д-р Горан Димитров, министерот за здравство д-р Фатмир Меџити, д-р Ане Јохансен, специјалната претставничка на СЗО за Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје, а тематско предавање одржа Проф. д-р Јованка Караџинска Бислимовска од Институтот за медицина на трудот.
На настанот беа доделени повелби, признанија, плакети и дипломи на здравствени работници кои ја одбележаа изминатата 2022 година.
Признание за највисоко рангиран научно-истражувачки труд од областа на медицината за 2022 година, доби мултидисциплинарниот тим од медицинскиот и природно-математичкиот факултет во Скопје во состав: Доц. д-р Владимир Рендевски, Асс. м-р Борис Алексовски, Д-р сци. д-р Ана Михајловска-Рендевска, Проф. д-р Никола Хаџи-Петрушев, Проф. д-р Ненси Манушева, Асс. д-р Благој Шунтов и проф. д-р Ицко Ѓоргоски.
Нивниот научно-истражувачкиот труд под наслов: „Inflammatory and oxidative stress markers in intracerebral hemorrhage: Relevance as prognostic markers for quantification of the edema volume“ е објавен во реномираното медицинско списание Brain Pathology, под покровителство на публикувачката група John Wiley & Sons. Ова списание е официјалното списание на Интернационалното здружение за невропатологија, и поседува импакт фактор 9.011, и истото е рангирано во првата категорија (Q1) на најдобри научни списанија од областа на клиничка неврологија според светската класификација на Scimago (SJR - Scimago Journal Rankings).
Во овој научен труд беа сериски испитувани деветнаесет инфламаторни медијатори, пет маркери за оксидативен стрес, радиолошки и клинички параметри кај пациенти со хеморагичен мозочен удар. Врз таа основа изработени се напредни математички модели со кои нумерички се предвидува волуменот на мозочниот едем кој се јавува по 4-5 дена од настанувањето на мозочниот удар, а исто така е прикажан и апликативен софтверски пакет кој прави и 3Д- моделирање на резултатите.
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект