Маричиќ го пречека хрватскиот премиер Пленковиќ на скопскиот аеродром
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ претпладнево на Меѓународниот аеродром „Скопје“ го пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој предводи државна делегација на Хрватска што денеска ќе престојува во посета на земјава.
- Во време кога сме поставени пред нови процеси и предизвици вистинските пријатели се со нас да споделат искуство и да дадат поддршка на европската интеграција на Северна Македонија. Срдечно добредојде за хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ со кој ќе имаме можност да дискутираме за нашите планови, за нови проекти, за иднината на регионот, напиша вицепремиерот Маричиќ на својот Фејсбук профил.

Пленковиќ за време на официјална посета на земјава ќе оствари средби во високи државни претставници. Домаќин на Пленковиќ ќе биде премиерот Димитар Ковачевски, кој со свечена церемонија ќе го пречека пред платото на Владата со највисоки државни и воени почести, по што ќе следи тет-а-тет средба на премиерите, како и пленарна средба на делегациите на двете земји.
Во фокус на разговорите ќе бидат евроинтеграциите и текот на преговорите со ЕУ, уставните измени, билатералните односи, унапредување на соработката во областите клучни за напредок во пристапниот процес кон ЕУ, а ќе бидат разгледани и можностите за нови инвестиции.
Пленковиќ ќе биде примен и од шефот на државата Стево Пендаровски и од собранискиот претседател Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во Собранието.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Работиме деноноќно, но има поединци кои не го даваат својот максимум, ако не се коригираат ќе бидат сменети
-

Изминатите два дена 1177 сообраќајни прекршоци, приведени 25 лица за безобѕирно управување на возило
-

Пентагон подготвува испраќање 3.000 падобранци на Блискиот Исток
-

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, повикани тројца сведоци од Општина Кочани
-

Краделе кабли во „Железара“ и оштетиле електричен кабел вреден 800.000 денари
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
