Хрватскиот премиер Пленковиќ во официјална посета на Македонија
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Пленковиќ, кој ќе предводи делегација во која се високи владини претставници за економски прашања и за надворешни работи и членови на хрватскиот Сабор, ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести од страна на премиерот Димитар Ковачевски.
Веднаш по церемонијата на пречекот, предвидена е тет-а-тет средба на Ковачевски и Пленковиќ, по што ќе следуваат билатерални разговори на двете делегации. Во составот на македонската делегација на средбата ќе бидат и вицепремиерите за европски прашања и за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и амбасадорот на Македонија во Хрватска, Милаим Фетаи.
Пленковиќ за време на официјалната посета ќе биде примен и од шефот на државата Стево Пендаровски, како и од собранискиот претседател Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во Собранието.
Ново на Сител
-

Почина бабата која беше брутално претепана од својот внук во Битола
-

Албанскиот Парламент го ратификуваше договорот за пристапување кон Одборот за мир
-

Трамп го претстави логото на Одборот за мир, слично на ОН но со повеќе злато
-

Агелер до македонските граѓани: САД секогаш ќе бидат покрај вас
-

Туск: Важно е САД да ја сфатат разликата помеѓу доминација и лидерство
-

Мицкоски пред инвеститори во Давос ги презентирал проектите „Бошков Мост“ и „Чебрен и Галиште“
-

Невремето „Хари“ предизвика огромни штети во Италија
-

Трамп по средбата со Зеленски му порача на Путин: Војната во Украина мора да запре
