Замрзната цена на 11 видови овошје и зеленчук
Најскапите домати ќе се продаватат по 70 денари, краставиците 75, бананите 70, лимонот 55. Владата од среда ги замрзнува цените на 11 увозни овошја и зеленчуци, кои во мометов трговците ги продавеле со маржи од 200 до 250 %. И со ваквите цени ќе имаат ќар – 40 отсто.,вели министерот за економиај Бектеши, но, во време на криза, ги повика да бидат солидарни и да ги намалат цените
Овие цени ќе мора да се применуваат и на пазарите. Државниот инспекторат, заедно со УЈП и МВР ќе проверуваат на терен. Сите кои нема да ја почитиваат мерката, ќе заработат казни.
Од воведување на одлуката за замрзнување на цените на дел од основните производи, пазарниот инепкторат направил над 1,800 контроли. Казни заработиле 20 трговски субјекти, кои треба да платат 40,650 евра.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар