Изгоре човек во пожар во Велес
Во куќа на улицата „Васа Кошулчева“ брoj 2 во Велес утрово во 5:10 часот пожарникарите од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) пронашле изгорен човек. ТППЕ за опожарената куќа добила повик утрово во 5:10 часот. Горела соба од куќата, каде што е и пронајдено изгореното лице.
Смртта на лицето за МИА ја потврдија и од Брза помош кои информираа дека кога дошле на местото на настанот нашле изгорено лице.
Како што информира за МИА Славица Панова од службата за Брза помош која во 5:20 часот била повикана на местото на пожарот, само била констатирана смрт кај лицето.
-Засега не се знае идентитетот на лицето, тоа дополнително во текот на денот треба да го утврдат екипа од Крим техника на СВР Велес, јавен обвинител и лекар од Брза помош, рече Панова.
Ново на Сител
-

Заради пожар на депонијата во Радовиш градоначалникот апелира да се избегнува непотребен престој на отворено, да се ограничат движењата и да се користат заштитни маски
-

Се зголемува бројот на пациенти со инфламаторни цревни заболувања, клучни се превентивните прегледи
-

17-годишно девојче физички нападната и психички малтретирана од соученик
-

Приведен велешанец кој извршил тешка кражба од базна станица на телекомуникациски оператор
-

Малолетник се заканувал со пиштол на 18-годишник по расправија во с.Оризари
-

На одбележувањето на 150 годишнината на Разловечкото востание најавена граѓанска иницијатива за прогласување на Разловци за заштитена историска целина
-

Насилството врз жените и родовата еднаквост во фокусот на средбата Пешевска – Аким Али
-

Лафчиски на состанокот на Воениот комитет на НАТО во Брисел
