Полицијата уапси повеќе дилери на дрога во Скопје - пронајдени марихуана и бела прашкаста материја
Вчера во 15.20 часот во с.Петровец, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.Ј.(42) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Исто така во текот на вчерашниот ден во 20.45 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.Е.(34) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
На 30.03.2023 во 14.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.В.(35) и М.И.(36) двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Од лидер на средношколците до вицепремиер | Александар Николоски | Sitel Podcast 140
-

Апелација пресуди во корист на Анѓушев, одбиена жалбата на ИРЛ
-

Силекс полуфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија
-

Владата на Швајцарија ќе им исплати по 56.000 долари на жртвите во пожарот во Кранс-Монтана
-

83-годишен дедо од Битола измамен за 10.000 евра, платил за наводна итна операција на внуката
-

Сообраќајка помеѓу возило на МВР и такси во Црниче
-

Одложени судските рочишта против Мерко за плочата и осветлувањето на Дрим
-

Бунфорт: Македонија неправедно веќе 20 години „седи на оградата“ на ЕУ
